parallax background


УСЛУГИ

поставуваме амбициозни, мерливи и остварливи цели

ФИЗИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ


„Физичко обезбедување“ е обезбедување на лица (живот, телесен интегритет) кое се врши заради нивна лична заштита и обезбедување на имот од пристап на неповикани лица, уништување, оштетување, противправно одземање и други форми на штетни дејствија, што се врши од страна на работници за приватно обезбедување;


Физичкото обезбедување претставува обезбедување со присувство на униформирано лица за обезбедување, здобиено со лиценца и легитимација за обезбедување , обучени за заштита на имот и лица со вештини за самоодбрана и користење на огнено оружје.

Дел од задачите на физичкото обезбедување:

  • Контрола и евиденција за влез-излез на лица, возила и стоки
  • Физичка – телесна заштита на обезбедуваните лица, објекти, компании и нивните работници
  • Повремено патролирање на обебзедуваниот простор за навремено согледување на ризиците и навремено соодветно интервенирање за нивно спречување
  • Водење на целосна евиденција како и евиденција на целосни дневни настани
  • Отворање, затворање на работни простории како и контрола на истите
  • Вклучување и исклучување на алармни систем во обезбедуваните комплекси - компании
  • Контрола и воведување ред на паркинг просторот од обезбедуваните објекти
  • Навремено информирање за секоја промена на одговорните лица од коминтентот
  • Недозволи снимање и сликање на обезбедуваниот имот
  • Недозволи влез или отстрани лица прекршители на ЈРМ во обезбедуваниот простор.

 

Под физичко обезбедување спаѓа и обезбедување на јавни собири и други настани кои се обезбедуваат со работници за приватно обезбедување и со употреба на технички средства заради одржување на јавниот ред на јавни собири, спортски натпревари, културни, забавни, верски, хуманитарни, социјални, политички, економски и други настани;


ТЕХНИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ


„Техничко обезбедување“ е обезбедување на лица и имот со примена на технички средства и уреди, нивно проектирање, инсталирање и одржување;

  • Алармни системи за заштита од провала и кражба
  • Видео надзор
  • Контрола на пристап
  • Периметарска заштита
  • ПП заштита – системи за детекција и дојава за пожар
  • Домофонски и видео-домофонски системи;
  • Хотелски безбедносни системи (Хотелски електронски брави, сефови, штедачи на енергија, панични системи за бања)
  • Контрола на пристап на моторни возила со автоматизирани рампи, автоматски капии и врати
  • Автоматизирани паркинг системи со наплата
  • Системи за периметарска заштита
  • Автоматизација за smart домови

МОНИТОРИНГ ПАТРОЛНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ


„Мониторинг-патролно обезбедување“ е физичко обезбедување што се врши како постојан физички надзор над вградени технички системи и уреди за обезбедување лица и имот и телекомуникациски пренос на алармни сигнали во центар за обезбедување и надзор и ангажирање на работници за приватно обезбедување и употреба на возила за обезбедување заради спречување на штетни дејствија над лицата и имотот што се обезбедуваат и обезбедување на лица и имот по пристигнат алармен сигнал од центар за обезбедување и надзор;


Патролните служби на ПИТОН обебзедување се опремени со нови моторни возила, најсовремена опрема за комуникација, службено оружје и GPRS локатори за мапирање и брзо пронаоѓање на обезбедуваните објекти се со цел за најбрзо пристигнување на објектот кој треба да се заштити.


ВИДЕО МОНИТОРИНГ


„ВИДЕО Мониторинг обезбедување“ е обезбедување што се врши како постојан физички надзор над вградени технички системи и уреди за обезбедување лица и имот и телекомуникацискии пренос на видео слика или алармни сигнали во 24/7 центар за обезбедување и надзор; Видео мониторинг обезбедувањето се врши со најсовремена опрема со AI видео аналитика и детекција на лица


ТРАНСПОРТ НА ПАРИ И ВРЕДНОСНИ ПРАТКИ


„Обезбедување на транспорт и пренос на пари и други вредносни пратки“ е физичко обезбедување на превоз и пренос на пари, злато, скапоцени 5 камења, уметнички дела, хартии од вредност и на други вредносни пратки со работници за приватно обезбедување и посебни возила;
ПИТОН за давање на оваа услуга има сопствени специјални блиндира возила како и балистичка опрема за заштита на лицата а обезбедување и службено лично и формациско оружје.


ПОБАРАЈ ПОНУДА

Ве замолуваме да испратите барање за понуда со опис за вашите потреби по што во најкус можен рок ќе ве контактираме